ПРИЈАВУВАЊЕ

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА EU YOUTH CINEMA: GREEN DEAL
ИНОВАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ИДНИНАТА

tl_files/letscee/contentimages/EUYCGD/header-EN.jpg

Двете илустрации: lassedesignen/Shutterstock.com

Registration (only for teachers and supervisors who register here their school classes or groups of young people):

www.youth-cinema.eu (Austria)
www.youth-cinema.eu/hr (Croatia)
www.youth-cinema.eu/mk (North Macedonia)
www.youth-cinema.eu/ro (Romania)
www.youth-cinema.eu/si (Slovenia)

____________________________________________________________________________________________

EU Youth Cinema: Green Deal ве кани на кино и онлајн филмови

EU Youth Cinema: Green Deal, кофинансиран од Европската Унија, е проект посветен на одржлива Европа и ги прикажува целите на Европската унија во филмски конкекст. Ова го правиме и на транснационално ниво: со поддршка од партнерите, EU Youth Cinema: Green Deal ќе се одвива паралелно во С.Македонија, Австрија, Хрватска, Словенија и Романија.

Австриското министерство за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија го поддржува овој проект и помага во размената на добри практики за заштита на животната средина на меѓународно ниво.

Програмата се заснова на внимателно одбрана филмска колекција од вкупно 25 европски филмови, кои ќе бидат прикажани во кино салите во 21 европски града, и како можност да се гледаат на интернет. Исто така, програмата ќе биде придружена со ажурирани дидактички материјали и тематски поврзани дискусии, работилници и предавања со релевантни гости.

Право на учество имаат училишни класови и младинските групи кои се регистрирани од нивните наставници или одговорни преку овој онлајн формулар. Местата во киното се ограничени и ќе бидат распределени на регистрираните. Понудата за стриминг е достапна за регистрираните училишни класови и групи без ограничување во земјите споменати погоре.

Професорите и наставниците ќе добијат разработени дидактички материјали за подготовка и работа со учениците. 

Целосната програма е без надомест за сите регистрирани училишта и младински групи.

____________________________________________________________________________________________

Ве молиме наведете ги бараните информации.


[1] ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА НАСТАНОТ ВО КИНО

 
ИЗБОР

Филмска проекција и дискусија

• КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – ФАКТИ
• ПЛАНИНА ОД ТЕКСТИЛ – СКРИЕНИОТ ТОВАР НА НАШИОТ МОДЕН ОТПАД

 

____________________________________________________________________________________________

Доколку не сте пријавени на нашата платформа, тоа може да го направите со пополнување на оваа

[2] ПРИЈАВА ЗА ПРИСТАП

до образовната филмска платформа
EU Youth Cinema:Green Deal
www.euyc.green/mk

Со пополнување на оваа пријава, вие имате пристап до образовната филмска платформа заклучно 30 април 2024 каде ќе ги добивате најновите дидактички материјали и аудиовизуелни материјали за работа со вашите ученици.

 
ПРИЈАВА ЗА ПЛАТФОРМАТА

 

____________________________________________________________________________________________


ПОТРЕБНА ИНФОРМАЦИЈА

 

КОНТАКТ – УЧИЛИШТЕ

 

КОНТАКТ – КООРДИНАТОР

 

 

Со поднесување на овој формулар, ја потврдувате точноста на дадените информации.

 

 

____________________________________________________________________________________________

 

Есен 2022 во С.Македонија

Главните теми за оваа есен 2022 се:

  • EU Youth Cinema: ЕНЕРГИЈА & КЛИМА 

18 октомври, 10:00
Филмска проекција и дискусија во Cineplexx Skopje

Од 18 октомври:
Бесплатна филмска стриминг програма ЕНЕРГИЈА & КЛИМА на www.euyc.green/mk

Во мај 2022, Европската комисија го претстави планот REPowerEU, како одговор на двојната итност да се трансформира европскиот енергетски систем : да се прекине зависноста на ЕУ од руски фосилни горифа и да се одговори на климатската криза. Мерките во Планот REPowerEU ќе се исполнат преку енергетски заштеди, разноликост во енергетски извори, како и забрзана транзиција кон обновливи извори. Програмата ENERGY & CLIMATE ќе прикаже одлични едукативни европски филмови кои ги разработуваат овие теми и поттикнуваат дискусија со инспиративни говорници.

  • ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА НАМЛУВАЊЕ НА ОТПАД

24 ноември, 10:00
Филмска проекција и дискусија во Cineplexx Skopje

Од 19 ноември:
Бесплатна филмска стриминг програма ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА НАМЛУВАЊЕ НА ОТПАД на www.euyc.green/mk

Европската недела за намалување на отпад - The European Week for Waste Reduction (EWWR) ги поттикнува сите да се освестат и да преземат акција за намалување на отпадот. Оваа година темата е за отпадот од текстил и неговото влијание врз нашата Планета, намалување на потрошувачката, реупотреба на производи и материјали како и селекција на отпад. Филмската програма EUROPEAN WEEK FOR WASTE REDUCTION ќе ги инспирира младите и ќе ги поттикне на дискусија со дизајнери, активисти и други говорници.

____________________________________________________________________________________________

 

ФИЛМСКА ПРОГРАМА

Забелешка: Сите филмови ќе бидат прикажани со македонски превод.

tl_files/letscee/contentimages/EUYCGD/2.jpg

ПОСЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА 

(овој филм ќе биде прикажан само во кино)

ПОЛСКА (2021) | РЕЖИЈА: MIKOŁAJ BOROWY | ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ | 52 МИНУТИ | ВОЗРАСТ: 14+ ГОДИНИ

Јанка се буди секој ден и мисли за крајот на светот. Според научниците, во 2030 година ќе се случат верижни реакции што ќе предизвикаат крај на нашата цивилизација. Оваа тешка мисла ја тера Јанка на радикална акција. Таа почнува да разбира дека ќе мора да направи избор. Климатското движење доминира во нејзиниот секојдневен живот; работата и студиите се во втор план. Излегува дека активизмот е форма на дејствување што и дава сила и надеж. Додека е на отворен рудник за јаглен, таа сфаќа колку далеку ќе оди за да го спречи ова.

ТРЕЈЛЕР

 

tl_files/letscee/contentimages/EUYCGD/3.jpg

ФИЛМ ЗА КЛИМАТСКАТА ПЛАНЕТА 

(овој филм ќе се прикажува во кино, но ќе биде достапен и на стриминг платформата)

ДАНСКА (2021) | ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ | 36 МИНУТИ | ВОЗРАСТ: 10+ ГОДИНИ

Овој филм е научно ремек-дело во лесно достапен и привлечен формат, вклучувајќи слики, визуелни слики и анимации. Документарецот се навраќа на самите почетоци на создавањето на нашата планета и покажува како нашата клима зависи од сложена рамнотежа. Рамнотежа што луѓето сега ја нарушуваат. Во исто време, филмот ја илустрира меѓусебната поврзаност помеѓу зголемувањето на температурите од човечките активности и ударните ефекти врз климата, природата и човековата благосостојба - и затоа е многу препорачлив за педагошки активности.

ТРЕЈЛЕР

 

tl_files/letscee/contentimages/EUYCGD/1.jpg

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – ФАКТИ 

(овој филм ќе биде прикажан само во кино)

ОК (2019) | РЕЖИЈА: СЕРЕНА ДЕЈВИС | ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ | 60 МИНУТИ | ВОЗРАСТ: 12+ ГОДИНИ

Со нарација од Сер Дејвид Атенборо, документарниот филм нуди длабински поглед на научните теории за климатските промени. Режисерката Серена Дејвис, исто така, ги истражува можните решенија, ги испитува иновациите, технологиите и активностите што владите и индустриите во светот ги преземаат за да спречат понатамошно затоплување, но и ги профилира луѓето кои се борат за овие промени.

ТРЕЈЛЕР

 

tl_files/letscee/contentimages/EUYCGD/5.jpg

ПЛАНИНА ОД ТЕКСТИЛ – СКРИЕНИОТ ТОВАР НА НАШИОТ МОДЕН ОТПАД 

(овој филм ќе се прикажува во кино, но ќе биде достапен и на стриминг платформата)

ИРСКА (2020) | РЕЖИЈА: ФЕЛИПЕ ЛОПЕС | ДОКУМЕНТАР | 22 МИНУТИ |ВОЗРАСТ: 12+ ГОДИНИ

Планина од текстил од Бразилецот Фелипе Лопес е импресивна молба за #SlowDownFashion. Документарецот ги истакнува социјалните и еколошките штети на трговијата со евтина облека и ја следи несаканата облека од кантите за ѓубре во Европа до депониите и реките во глобалниот југ. Снимено во Кенија, Ирска и Белгија, Планина од текстил нè повикува повторно да го замислиме начинот на кој ја дизајнираме, носиме и повторно ја користиме нашата облека - така што нашиот моден отпад повеќе нема да биде товар на друга земја.

ТРЕЈЛЕР

 

____________________________________________________________________________________________

Програмата ќе биде надополнета со филмови и мултимедијални материјали и истата ќе биде достапна преку стриминг платформата www.euyc.green/mk, по повод:

  • 15 септември – Меѓународен ден на демократија
  • 16-22 септември – Европска недела на мобилност
  • 30 септември – Ден на (климатски) бегалци

Согласно овие теми, ќе подготвиме дидактички материјали за сите регистрирани професори и наставници. Стриминг платформата е достапна до крајот на април 2024, а регистрацијата е отворена на www.youth-cinema.eu/mk.

Следните датуми за кино проекции се во почетокот на мај 2023, ќе прикажуваме филмови од EU Youth Cinema: Green Deal за Денови на Европа 5-9 мај, а на есен 2023 по повод Европска недела на мобилност и Европска недела на намалување на отпадот.

За прашања, барања и предлози слободно контактирајте не’ на info@bidizelen.org.

Секое добро,

Тимот на Гоу Грин, координатор на EU Youth Cinema: Green Deal во С.Македонија.

АРХИВА

18 октомври, 10:00: ЕНЕРГИЈА & КЛИМА


Филмска проекција и дискусија

• ПОСЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА
• ФИЛМ ЗА КЛИМАТСКАТА ПЛАНЕТА